Ata Ufuk Şeker
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача: „Ги повикувам сите засегнати страни да вложат поголеми напори во спроведувањето на договорот од Минск. Најважна тема е итен прекин на огнот“, јавува Anadolu Agency (AA)
Столтенберг по седницата на комисијата НАТО – Украина во рамките на средбата на министри за надворешни работи на НАТО во Брисел, даде изјава во која нагласи дека, НАТО ја истакна својата поддршка за Украина. „Сојузниците на НАТО не ја признаваат нелегалната анексија на Крим од страна на Русија и нема да ја признаат“, рече тој.
Столтенберг истакна дека, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина и додаде оти, засегнатите страни треба да се прилагодат кон Минскиот договор.
Тој потсети дека, моменталната безбедносна состојба во Украина е сериозна и дека продолжува кршењето на прекинот на огнот, како и дека, сепаратистите кои Русија ги поддржува ги спречуваат меѓународните набљудувачи да си ја работат својата работа на теренот.
- Потребно е продолжување на санкциите кон Русија
Столтенберг потенцира дека, меѓународната заедница треба да продолжи со притисоци и санкции кон Русија, за да се дојде до решение.
Според него најспроведливо е дипломатско решение за кризата во Украина. „ Ги повикувам сите засегнати страни да вложат поголеми напори во спроведувањето на договорот од Минск. Најважна тема е итен прекин на огнот“, порача Столтенберг.
- Ќе продолжи поддршката за Украина
„Силната политичка и практична поддршка од НАТО и сојузниците кон Украина, ќе продолжи“, рече Столтенберг и потсети дека, во денешно време не постои сличен случај каде има безбедносни проблеми како во Украина. „Загрижени сме поради оваа ситуација, но не гледаме некоја итна закана за безбедноста на еден НАТО сојузник во моментов“, рече тој.
Столтенберг потсети дека, НАТО е формиран за заедничка одбрана и рече оти, дијалогот со Русија треба да продолжи.