Elvir Hociç,Ekip
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
САО ПАОЛО (AA) – Илјадници средношколци во бразилската покраина Сао Паоло продолжија повеќедневните протести поради најавеното затворање на училиштата, а синоќа дојде и до туркање со полициските сили кои се обидоа да ги оддалечат демонстрантите кои се собраа пред седиштето на владиниот секретаријат за образование, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците уште во четврток ја окупираа владината зграда на Центарот Пауло Соуз за да го изразат своето незадоволство поради неодамнешното укинување на буџетските издвојувања за улилишна ужина, но протестираа поради најавите на владејачката Социјал-демократска партија за затворањето на поголемиот број на училишта во тој бразилски регион.
Реорганизацијата на образовниот систем кој го најавува гувернерот на Сао Паоло Џералдо Алкмин ќе погоди 311.000 ученици и 74.000 наставници.
Демонстрантите предупредуваат дека затворањето на уличиштата би довело до големи гужви во постојните образовни установи, лошиот квалитет на образованието и да остави многу наставници без работа.
По налог на надлежните локални власти бразилската воена полиција вчера влезе во окупираниот објект за да ги оддалечи демонстрантите од него и на вработените од секретаријатот им овозможи да дојдат на работните места.
Незадоволните средношколци одбиваат да ја напуштат зградата и најавуваат продолжување на мирниот протест се додека не се исполнат нивните барања, а првиот услов е откажување од реформите.