Nilay Kar
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ПЕКИНГ (AA) – Кина ја поддржува независна Плаестина врз основа на границите од 1967. година со источен Кудс како главен град, изјави денеска Лу Канг, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи по вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) одржан во среда во Истанбул, Канг рече дека Пекинг ја разбира загриженоста на муслиманските земји поради статусот на Кудс.
Земјите на ОИС вчера објавија декларација со која потврдија дека го признаваат источен Кудс како главен град на Палестина.
Канг ги повика двете страни да продолжат со дијалог за да пронајдат „севкупно и правично решение" за долготрајната криза помеѓу Палестина и Израел.
Со Истанбулската декларација светот е повикан „да го признае источен Кудс како окупиран главен град на Палестина". Со неа, исто така, отрфлена е незаконската одлука на американскиот претседател Доналд Трамп од минатата недела, со која официјално го призна Кудс за главен град на Израел и започна преместувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Кудс.
Кудс останува во центарот на израелско-палестинскиот суд, а Палестинците се надеваат дека источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.