Dejan Maksimoviç
25 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Откако се одиграни утакмиците од групната фаза на ЕУРО 2016 следуваа два дена пауза, но денес љубителите на фудбалот можат да се вратат на своето. Почнува најзабавниот дел од натпреварувањето, нокаут фазата во која никој нема право на поправен. Од денешните средби од осмина финалето секако за регионот е најинтересен дуелот во кој неубедливата Португалија предводена од Кристијано Роналдо сака да ја запре Хрватска, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот помеѓу Португал и Хрватска ќе игра на стадионот "Bollaert-Deleils“ во Ленс со почеток од 21 часот. Хрватите супериорно го освоија првото место во групата „Ц“, со победа против сеуште актуелниот шампион Шпанија, па е логично да се благи фаворити. Но, од друга страна Португалија, која се провлече во групата „Ф" до осмина финалето има свои адути, а најголемиот е еден од најдобрите фудбалери на денешнината Роналдо. И традицијата е на страна на Португалците, кои во досегашните три средби со Хрватите ги остварија сите победи.
Во преостанатите два натпревари од денешната програма ќе се состанат Швајцарија-Посла и Велс-Северна Ирска. Во пресрет на Швајцарците и Полјаците нема фаворит, и двете селекции подеднакво сакаат да направат нешто на ЕУРО 2016, па може да се очекува бескомпромисна борба. Уште повозбудливо треба да биде на дуелот на островските ривали Велс и Северна Ирска. Секако, фаворити се Велшаните, ако поради ништо друго, поради првата sвезда Герет Бејл, кој игра одлично во Франција.
- 25 јуни –
Ст. Етјен (15.00): Швајцарија-Полска
Париз (18.00): Велс- Северна Ирска
Ленс (21.00): Хрватска-Португалија