Bedrudin Brlyavac
11 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Репрезентацијата на Португалија вечерва во финалето на 15-то Европско првенство во фудбал го совлада домаќинот Франција со гол во второто продолжение и така стана шампион на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Португалија во финалето, кое се играше на Стад де Франс во Сен-Денис, предградието на Париз, го совлада домаќинот Франција со 1:0 во продолжението.
Единствен гол нанатпреварот го постигна Едер во 109-та минута од неизвеснаиот натпревар.
Португалија од 25-та минута играше без Кристијано Роналдо, кој поради повредата мораше да ја напушти играта.
Репрезентацијата на Португалија со победата во финалето над Франција за првпат ја освои титулата шампион на Европа.