Hüseyin Burak Demirer
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
АНКАРА
Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе формира нов одбор, во кој неговите навивачи ќе можат да дадат свое мислење во процесите на донесување одлуки на клубот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ливерпул, кој беше еден од основачите на иницијативата за формирање европска Супер лига и се повлече од проектот поради реакцијата на меѓународната фудбалска заедница и навивачите, ќе им овозможи на своите навивачи да бидат претставени во управувачкиот механизам.
Во соопштението на клубот се вели дека Одборот на навивачи на Ливерпул, кој ќе се формира пред почетокот на новата сезона, ќе вклучува претставници од разни навивачки групи.
Официјалната фондација на поддржувачи на Ливерпул ќе биде одговорна за водење на Одборот.
Одборот на навивачи ќе одржува редовни состаноци со официјалните лица и претседателот на клубот и ќе биде поканет на состаноците на Извршниот одбор кога ќе се појават стратешки прашања кои се од интерес на навивачите.