Abdulkadir Karakaya
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со петтата трка во сезоната која ќе се одржи во Монако, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Монако (Monaco Grand Prix) на патеката „Монако“, која е долга 3.337 метри, возачите ќе треба да извозат 78 круга.
В сабота со почеток во 16:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Монако е закажана за в недела, 23 мај, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката на пистата во Имола, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите
1. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 94 поени
2. Макс Верстапен (Холандија): 80 поени
3. Валтери Ботас (Финска): 47 поени
4. Ландо Норис (Велика Британија): 41 поен
5. Чарлс Леклерк (Монако): 40 поени
- Пласман на тимовите
1. Mерцедес: 141 поен
2. Ред Бул: 112 поени
3. Мекларен: 65 поени
4. Ферари: 60 поени
5. Алфин: 15 поени