Abdulkadir Karakaya
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Вашингтон Визардс, совладувајќи ја Индијана Пејсерс со 142:115 во плејин-натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА), стана последниот тим што се пласира во плејофот во Источната конференција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Визардси кои во првиот натпревар од плејин-турнирот загубија од Бостон Селтикс, во последниот натпревар се сретнаа со Пејсерси, кои го совладаа Шарлот Хорнетс.
Во редовите на Визардс најпрецизни играчи беа Бредли Бил со постигнати 25 поени, 5 скока, Расел Вестбрук со дабл-дабл од 18 поени, 15 асистенции и Руи Хачимура со 18 поени, 4 скока.
Кај Пејсерс најдобар перформанс прикажаа Малколм Брогдон со 24 поени, 4 асистенции и Домантас Сабонис со трипл-дабл од 19 поени, 11 скока и 10 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Визардс.
По овој натпревар Вашингтон Визардс е осмиот и последен тим кој избори пласман во плејофот на Источната конференција, во кој ќе игра против лидерот на табелата, екипата на Филаделфија Севентисиксерс.
Вечерва по полноќ, со почеток во 3:00 часот по средноевропско време се игра последниот натпревар од плејинот во Западната конференција во кој се среќаваат екипите на Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Победникот ќе обезбеди пласман во плејофот на Западната конференција.