Abdulkadir Karakaya
21 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Познати се кандидатите на најдобрите во регуларниот тек од Првенството на сезоната 2020/21 во американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на НБА се наведува дека благодарение на гласовите на најдобрите спортски новинари и издавачи од различни делови на земјата, познати се по тројца кандидати во изборот на најдобрите кошаркари во шест категории.
Во категоријата „Најкорисен играч (МВП)“ се избрани Стефен Кари од Голден Стејт Вориорс, Џоел Ембид од Филаделфија Севентисиксерс и Никола Јокиќ од Денвер Нагетс.
Во останатите категории кандидати се:
Дебитант на годината:
Ламело Бол (Шарлот Хорнетс), Ентони Едвардс (Минесота Тимберволвс), Тајрис Халибертон (Сакраменто Кингс)
Најдобар одбранбен играч:
Руди Гоберт (Јута Џез), Дрејмонд Грин (Голден Стејт Вориорс ), Бен Симонс (Филаделфија Севентисиксерс)
Шести играч на годината:
Џордан Кларсон (Јута Џез), Џо Инглс (Јута Џез), Дерик Роуз (Њујорк Никс)
Играч со најголем напредок:
Џереи Грант (Детроит Пистонс), Мајкл Портер Џуниор (Денвер Нагетс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс)
Тренер на годината:
Квин Шнајдер (Јута Џез), Том Тибодо (Њујорк Никс), Монти Вилијамс (Феникс Санс)