Dejan Maksimoviç
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
БЕРЛИН (AA) – Лукас Подолски (31), фудбалер на Галатасарај, донесе одлука да се прости од дресот на репрезентацијата на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Подолски, инаку роден во Полска, за германската репрезентација одигра 129 натпревари и постигна 48 гола.
„Им благодарам на навивачите. За 12 години, 129 натпревари. Беше неверојатно, беше сјајно. Ми беше чест да бидам дел од репрезентацијата“, порача Подолски на својот профил на Твитер.
Подолски со репрезентацијата на Германија беше светски шампион во 2014 година, на Мундијалот во Бразил. Шест години претходно играше финале на Европското првенство во Австрија и во Швајцарија, кога Германија беше поразена од Шпанија.
Во текот на сјајната кариера, Подолски играше за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, за Интер, а сега е играч на Галатасарај.