Doga Kirmizioglu
31 Август 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул договори трансфер на Алекс Окслејд-Чемберлејн од Арсенал, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, врз основа на барањето на тренерот Јурген Клоп, англискиот репрезентативец Алекс Окслејд-Чемберлејн потпишал повеќегодишен договор со Арсенал.
Според британските медиуми, Ливерпул ќе му исплати 35 милиони британски фунти на Арсенал за Окслејд-Чемберлејн, кој потпиша петгодишен договор со новиот клуб.
Англискиот репрезентативец Алекс Окслејд-Чемберлејн во текот на шесте сезони во Арсенал постигна 20 огодоци во одиграните 198 натпревари.