Ercan Çakar
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Со првите натпревари во групната фаза, утре започнува Европското првенство во кошарка (EuroBasket 2017), а овогодишни домаќини на спортскиот настан се Турција, Финска, Израел и Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
На првиот ден од 40. кошаркарско првенство на Европа ќе бидат одиграни 6 натпревари.

Натпреварите од групата А ќе се одиграат во Хелсинки, главниот град на Финска, средбите од групата Б во израелскиот главен град Тел Авив, домаќин на натпреварите од групата Ц е романскиот град Клуж-Напока, а средбите од групата Д ќе се играат во турскиот град Истанбул.
По завршувањето на натпреварите по групи, сите останати натпревари ќе се играат во Истанбул.
- Групи -
Група А: Полска, Грција, Франција, Финска, Исланд, Словенија
Група Б: Украина, Израел, Литванија, Грузија, Италија, Германија
Група Ц: Хрватска, Чешка, Шпанија, Црна Гора, Романија, Унгарија
Група Д: Турција, Русија, Србија, Летонија, Велика Британија, Белгија
Во групата А (Хелсинки) утре ќе се одиграат натпреварите:
Словенија - Полска
Исланд - Грција
Франција - Финска
Во групата Б (Тел Авив) ќе се одиграат средбите:
Германија - Чешка
Литванија - Грузија
Италија - Израел
В петок, на 1. септември, во средбите од групата Ц (Клуж-Напока) играат:
Унгарија - Хрватска
Шпанија - Црна Гора
Романија - Чешка
Истиот ден, во натпреварите од групата Д (Истанбул) се среќаваат:
Белгија - Велика Британија
Србија - Летонија
Турција - Русија
Во групната фаза на натпреварувањето на Евробаскет 2017 учествуваат 24 репрезентации, а во понатамошниот тек на натпреварувањето ќе продолжат првопласираните четири репрезентации од секоја група одделно.