Ekipa
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
ВЕСТ БРОМВИЧ (AA) - Англискиот лев бек, Киран Гибс, по 13 години го напушти лондонски Арсенал за да му се придружи на Вест Бромвич, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вест Бромвич денес соопшти дека е постигнат договор со Арсенал, но клубот не ја откри вредноста на трансферот.
Дваесет и седумгодишниот бек го изгуби местото во почетната позиција по доаѓањето на германскиот репрезентативец Сеад Колашинац, па по 13 години одлучи да го напушти клубот во кој се појави.
Гибс за англиската репрезетација имаше десет настапи, а за Арсенал повеќе од 200. За „топчиите“ постигна два гола.