Alma Çekovic
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез изјави дека сака да игра во Лигата на шампионите и дека неговата иднина во Арсенал зависи од клубот, јавува Anadolu Agency (AA).
Судбината на 28-годишниот напаѓач веќе неколку месеци е под знак прашалник, ако се земе во предвид дека Манчестер Сити и Баерн изразија подготвеност да го доведат во своите редови.
Иако уште една година е врзани за клубот од Лондон, Санчез во неколку наврати изрази желба да го напушти клубот.
Донесов одлука, но сега истото треба да го стори и Арсенал. Тоа зависи од нив. Морам да почекам и да видам што тие сакаат. Мојата идеја е да играм и да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа беше мојот сон од детството", вели Санчез за спортското радио на Чиле.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер верува дека Санчез ќе остане во клубот и изјави дека со играчот имал позитивни разговори.
Арсенал во Австралија ги започна подготовките за следната сезона, а Чилеанецот се уште не им се приклучил на соиграчите, бидејќи доби дополнителен одмор поради настапот за националниот тим во Купот на конфедерациите.