Yunus Kaymaz
20 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Германскиот репрезентативец и член на англискиот Арсенал, Месут Озил е прогласен за фудбалер на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Арсенал ја заврши сезоната како второпласиран, што е солиден резултат за тренерот Арсен Венгер и неговиот тим.
Според гласовите на навивачите на овој клуб, Месут Озил (27) е прогласен за најдобар играч во претходната сезона, и одигра 45 натпревари а на теренот се задржа 3.939 минути.
Озил оваа година постигна шест гола во Премиер Лигата, и два во Лигата на шампионите.
Германскиот репрезентативец со турско потекло, кој во 2013 година за 55 милиони евра од Реал Мадрид се пресели во Арсенал оваа сезона 137 пати беше креаторот на шанси за гол, поставувајќи нов рекорд во англиската Премиер лига.
Месут Озил оваа година и имаше 19 асистенции, со што се приближи до сегашниот рекордер, Тиери Анри, кој во 2002 година забележа 20 асистенции.