Hüseyin Burak Demirer
07 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, кој игра во дресот на екипата Арсенал, во Премиер лигата, беше избран за најдобар фудбалер на 4. недела во Лигата на шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет-страницата на Лигата на шампионите, во натпреварот на групата А, во четвртата недела, Арсенал победи со резултат 3 : 2 против Лудогорец. Месут Озил на овој наптревар постигна еден гол и имаше една асистенција, а доби 26 проценти од гласовите на навивачите. Со овие бодови, Месут Озил беше избран за играч на неделата, пред Герет Бејл (17 проценти), Роберт Левандовски (17 проценти), Радмел Фалкао (15 проценти), Кевин де Брајн (13 проценти), Антонио Гризман (10 проценти), Гонзало Игуаин (2 проценти) и Адриан Рамос (1 процент).
Дваесет и осумгодишниот играч кој игра во средниот ред, оваа сезона има постигнато 7 гола и 4 асистенции во вкупно 14 натпревари, а пак во Лигата на шампионите има постигнато 4 гола и 2 асистенции.