Mutlu Demirtaştan
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Реал Мадрид денес во 11 коло од првата шпанска Ла Лига, со резултат 3:0 го декласираше тимот на Леганес и го задржа водството на табелата јавува Anadolu Agecy (AA).
Герет Бејл постига два гола, во 38. и 45. минута, додека третиот гол го постигна Алваро Мората во 76. минута. Ова беше четвртата победа по ред на Реал Мадрид.
Со 27 бода во 11 натпревари Реал Мадрид станува непораазен лидер во лигата. А пак Леганес којашто губи по четврти пат има 10 бодови и е на 17. позиција.
По натпреварите со националните репрезентации Реал Мадрид во 12. коло како гостин ќе игра со Атлетико Мадрид. Мадридското дерби на стадионот Винсенте Калдерон ќе се одигра на 19 ноември во сабота.