Bekim Laci
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалски клуб Шкендија од Тетово синоќа во Скопје со минимална предност од 1:0 го совлада азербејџанскиот Нефчи Баку со што го забележа најголемиот успех во својата клубска историја и за прв пат се пласираше во коло од Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Единствениот гол на натпреварот го постигна во Бесарт Ибраими во 31 минута, по брилијантно создадена акција од страна Баже Тодоровски, Марјан Радески и Ферхан Хасани, која Ибраими успешно ја реализираше совладувајќи го голманот на противничкиот тим Санити.
Во 70 минута, гостите играа со играч помалку на теренот, бидејќи по два жолти картони од натпреварот беше исклучен Венс Сиков.
Двете екипи се обидоа во неколку наврати да ја затресат противничката мрежа, но на крајот излезе голот на Ибраими да биде единствениот гол постигнат на мечот, сосема доволен за Шкендија да го продолжи европскиот сон, откако во првиот меч одигра нешерешно со резултат 0:0.
Во третото коло Шкендија за противник ке ја има екипата на Млада Болесллав од Чешка.