Bakir Tiro
22 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
КИЕВ (АА) - Дарио Срна (34) одлучи да се збогува со настапите во хрватската репрезентација, што го потврдува со изјава за официјалниот сајт на својот клубот, Шахтјор од Донецк. „Јас ќе ја завршам репрезентативната кариера. За десет дена ќе испратам официјално писмо во врска со тоа. Ќе се фокусирам на настапите во Шахтјор" рече Срна, капитенот на хрватскиот национален тим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Срна за Хрватска дебитираше на 20 ноември 2002 година, во пријателскиот натпревар со Романија. Од тогаш, тој одигра 134 натпревари и постигна 22 гола. Тој беше капитен на популарно наречените „Oгнени" на три големи натпреварувања, ЕУРО 2012 и ЕУРО 2016 и на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Во Шахтјор дојде од Хајдук Сплит во 2003 година. Тој го освои Купот на УЕФА со тимот од Донецк, осум пати беше шампион на Украина, шест пати го освои Купот на Куп и Суперкупот на оваа земја. И со Хајдук еднаш беше хрватски шампион.