Ekipa
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин наложи да се оформи нова антидопинг комисија со цел да се обликува идната стратегија на Русија додека земјата се соочува со суспензија на целиот тим за олимписките игри во Рио Де Женеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин на состанокот на рускиот кабинет изјави дека комисијата ќе овозможи „брз развој и строга контрола за ефикасно остварување на националниот план на борба против допингот”.
Тој за претседателот на комисијата го предложи 81-годишниот Виталиј Смирнов, почесниот член на Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) и ветеранот на руската и советска спортска администрација. Истакна дека Смирнов има „апсолутно непосрамотен углед“ и „ доверба и почитување на олимпиското семејство“.