Ercan Çakar
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот фудбалски клуб Башакшехир на својот фудбалер Арда Туран му изрече парична казна во висина од 2.500.000 лири (околку 373.000 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на клубот, објавено е соопштение во кое се вели дека поради тепачката што се случила во дискотека сместена во истанбулскиот кварт Емирган меѓу фудбалерот Арда Туран и пејачот Беркај Шахин, клубот одржал вонредна седница на која се донесени одредени одлуки.
Во соопштението се наведува: „Во периодот од тридневната пауза која беше дадена поради настапот на националниот тим, се појавија тврдења кои се рефлектираа и во медиумите дека нашиот фудбалер учествувал во одредени настани. Фудбалскиот клуб Башакшехир констатира дека споменатиот настан на никаков начин не е во согласност со етичкото и професионалното однесување на клубот.“
„Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот фудбалер парично е казнет со 2.500.000 милиони лири (373.000 евра), а поради фактот што случајот е предаден на судска постапка, го задржуваме правото за дополнителни санкции. Професионалните обврски на играчот ќе продолжат до донесувањето на судската одлука“, се вели во соопштението.