Ali Eyvaz
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Арда Туран, фудбалер во првата лига на Шпанија и капитен на националниот фудбалски тим на Турција, по обидот за пуч на ФЕТО, преку онлјан сервисот за споделување на фотографии Инстаграм ја изрази својата поддршка за претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Арда на Инстаграм ја сподели својата слика со Ердоган, во пораката напиша: „Ако денешниот ден е тежок за Вас, ние сме со Вас“.
Во пораката Арда нагласи дека Реџеп Таип Ердоган за целата нација е како постар брат, заштитник.
„Вие ако сакате, слободно речете дека се додворувам. Јас никогаш не сум побарал ништо од која било организација на државата“.
Понатаму во пораката вели дека претседателот секогаш е тука за народот, во болест, тага или радост.
„Кога бевме болни, Вие ни се јавивте. Кога бевме тажни, ни се јавивте. Кога бевме среќни, ни се јавивте. Секаде во светот нѐ зедовте под своја заштита. Додека зборуваме со Вас, дури и не ви се обраќаме со „Вие“. Во секакви услови ни бевте како постар брат и нѐ зедовте под Ваша закрила. Ако денешниот ден е тежок за Вас, со Вас сме. Јас верувам дека ќе ги соберете луѓето со кои повторно ќе ја обедините државата.Бог да ве награди и на овој и на оној свет. Мојата верност кон Вас е искрена. Во секакви услови, Вие сте мој главен командант. Да живее Република Турција“.
Ова споделување на Арда за кратко време доби илјадници допаѓања и коментари и тој беше поддржан од поголем дел од своите следбеници.