Mutlu Demirtaştan
16 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Сезоната 2018/2019 во Американската кошаркарска лига (НБА) започнува утре наутро, пишува Anadolu Agency (AA).
Првата средба е закажана за 02:00 часот по средноевропско време, а ќе се одигра меѓу Бостон Селтикс - Филаделфија Севентисиксерс. За 04:30 часот е закажан натпреварот меѓу Голден Стејт Вориорс - Оклахома Сити Тандер.
Тимот на Селтикс, кој последните години е во голем подем, благодарение на тренерот Бред Стивенс и квалитетните играчи во екипата, како што се Кари Ирвинг, Гордон Хејвард, Џејсон Тејтум и Ал Хорфорд, планира сезоната да ја започне со победа. Екипата на Севентисиксерс, предводена од тренерот Брет Браун, на теренот ќе излезе со ѕвездите како што се Џоел Ембид и Бен Симонс.
На силниот тим на Голден Стејт Вориорс, во кој во преден план се играчите Стефен Кари, Кевин Дурант, Дрејмонд Грин, Клеј Томпсон, пред почетокот на сезоната му се придружи и Демаркус Казинс, со што и оваа година Вориорс е најсериозен кандидат за шампионската титула. Оклахома Сити Тандер на гостинскиот терен на Вориорс ќе им се спротивстави со своите ѕвезди, плејмекерот Расел Вестбрук и крилниот центар Пол Џорџ, во обид да направи изненадување на гостинскиот терен на Вориорс и сезоната да ја започне со победа.
Во НБА лигата 30 тима ќе одиграат по 82 натпревари во стандардната сезона која завршува на 11 април. Најдобрите 16 тима на 14 април ги започнуваат натпреварите во плеј-офот, додека финалната серија во НБА ќе започне на 31 мај.
Тимови во НБА со најголем број шампионски титули и постигнати рекорди:
- Тимови со најголем број шампионски титули:
1. Бостон Селтикс 17 пати
2. Лос Анџелес Лејкерс 16
3. Чикаго Булс 6
4. Голден Стејт Вориорс 6
- Рекорди на тимови во стандардниот тек на сезона:
Најголем број победи:
Голден Стејт Вориорс (2015/16) 73
Најголем број порази:
Филаделфија Севентисиксерс (1972/73) 73
Најдобар сооднос на победи и порази:
Голден Стејт Вориорс (2015/16) 73 - 9 89%
Најлош сооднос на победи и порази:
Шарлот Бобкетс (2011-12) 7 - 59 10,6%
(Шарлот Хорнетс од 2004 до 2014 се викаше Шарлот Бобкетс)
Натпревар на кој се постигнати најголем број погодоци: 370
Детроит Пистонс 186 - 184 Денвер Нагетс
(Натпревар одигран во 1983 година, кој имаше три продолженија. Оваа средба во исто време го држи рекордот и на тим кој постигнал најголем број поени (186) на еден натпревар во НБА)
Средба на која се постигнати најмал број поени: 119
Милвоки Хоукс 57 - 62 Бостон Селтикс (1955 година)