Ercan Çakar
10 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот кошаркарски клуб Анадолу Ефес го „пензионираше" дресот со името на неговиот поранешен легендарен кошаркар Петар Наумоски во спортската сала Абди Ипекчи, јавува Anadolu Agency (AA).
Клубот Анадолу Ефес го причека неговиот поранешен кошаркар Наумовски на средбата одиграна со ЕА7 Емпорио Армани Милан во рамките на Туркиш Ејрлајнс Европската Лига. Наумоски, кој со клубот успеа да постигне бројни успеси во периодот 1992-1994 у 1995-1999, беше причекан во рамките на проектот „пензионирање на дресот“.
На церемонијата која се организираше во полувремето и на која писутствуваа претседателот на клубот Анадолу Ефес, Тунџај Озилхан, претседателот на Турската кошаркарска федерација Хидајет Туркоглу, главниот тренер на кошаркарската репрезентација на Турција, Уфук Сариџа и поранешните главни тренери на клубот Ајдин Орс и Октај Махмути, дресот на Наумовски со број 7 го зафати местото во спортската сала Абди Ипекчи.
На церемонијата, Озилхан му врачи на Наумовски плакета.
Петар Наумоски е роден во 1968 година во градот Прилеп. Постигна голем успех во периодот кога играше кошарка во Турција и Италија.
Наумоски во текот на својата долга кариера играше за Сплит, Работнички, Ефес Пилсен, Бенетон Тревизо, Монтепаски Сиена, Олимпија Милано и Улкерспор постигна голем успех и доби многубројни признанија, како во Југословенското првенство и куп, Турско првенство и куп, така и во Европско Првенство.
Во април 2015. година, Наумовски беше избран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.