Erkan Tiryaki
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Тимот на МЗТ Скопје го изнајми младиот бугарски кошаркар Јордан Минчев од турскиот клуб Фенербахче Догуш до крајот на оваа сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на турскиот кошаркарски клуб соопшти дека 19-годишниот бугарски играч сезоната ќе ја продолжи во дресот на МЗТ Скопје.
Минчев кој има 5-годишен договор со тимот на Фенербахче, поради пополнетата квота на странски играчи, изминатата сезона не го облече клубскиот дрес на ниту еден натпревар во турското превенство, а одигра 2 натпревара во THY Европската лига.