Şenhan Bolelli,Mutlu Demirtaştan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалскиот клуб Барселона, упатило барање до шпанската фудбалска федерација за одложување на денешниот натпревар од 7. коло во шпанската Ла Лига против екипата на Лас Палмас поради настаните поврзани со нелегалниот референдум во Каталонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во шпанските медиуми, Барселона побарала од шпанската фудбалска фередеција одложување на денешниот натпревар против Лас Палмас закажан за 16.15 часот, поради настаните поврзани со нелегалниот референдум во Каталонија.
Жерард Пике е еден од фудбалерите на Барселона кој гласаше на денешниот референдум. Во врска со денешните настани поврзани со референдумот, за каталонските медиуми изјави: „Сѐ она што се случи денеска е засрамувачко. Снимките кажуваат сѐ”.
Од друга страна, екипита на Лас Палмас информираше дека побарала од раководството на Ла лига на натпреварот против Барселона да се појават во национални дресови, како одговор на референдумот на Каталонија, што им е дозволено.