Bakir Tiro
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Кошаркарската репрезентација на Словенија е шампион на Европа, за првпат во историјата на својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во драматичниот финален меч од Евробаскетот во Истанбул, Словенците ја победија Србија со резултат 93:85 (по четвртини 20:22, 36:25, 15:20, 22:18).
Во претходно одиграниот натпревар за третото место, Шпанија, во најголемиот турски град беше подобра од Русија - 93:85.