Kemal Zorlak
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
САРАЕВО (АА) - Белгиската кошаркарска репрезентација беше поразена во втората средба од групната фаза на овогодишниот Евробаскет од селекцијата на Латвија со резултат 92:64, пренесува Anadolu Agency (AA).
На вториот ден од 40. Европско кошаркарско првенство, силите ги измерија и репрезентациите на Белгија и Латвија.
Првата четвртина помина тензично и двете репрезентации покажаа многу квалитетна игра, а резултатот беше 24:23 за Белгијците. Но, во втората четвртина Белгија забележа само осум коша, во однос на Латвија, која постигна 23.
Белгија повторно се врати на натпреварот во втората половина, но Латвија повторно ја надвладеа во завршната четвртина кога постигна 29, а Белгија само девет поени.
Конечниот резултат изнесуваше 92:64 за Латвија.
Машката сениорска репрезентација на Црна Гора, пак, денес убедливо ја победи селекцијата на Унгарија со 72:48 (14:11, 25:18, 21:11 и 12:8), во натпревар од второто коло на групата Ц, во рамките на Европското првенство во кошарка 2017, кое се одржува во Турција, Израел, Финска и Романија