спорт

Заврши 4. коло од Лигата на нации: Германија загуби од Франција

- Со синоќешните 9 натпревари, заврши 4. коло од УЕФА Лигата на нации - Франција ја совлада Германија со 2 : 1, додека Украина со победата над Чешка од 1 : 0, се искачи на табелата во Лигата А

Hüseyin Burak Demirer  | 17.10.2018 - Обновена : 18.10.2018
Заврши 4. коло од Лигата на нации: Германија загуби од Франција

Ankara

АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа последните 9 натпревари од 4. коло од УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).

Со синоќешните 9 натпревари во лигите А, Б, Ц и Д, заврши 4. коло од УЕФА Лигата на нации.

Во Групата 1 од Лигата А се сретнаа европските фудбалски гиганти, репрезентациите на Франција и Германија.

Германија со погодокот на Крос во 14. минута поведе на гостински терен во Франција со 0 : 1. Тоа беше резултат со кој се замина на полувреме. Грижман со погодокот во 62. минута и по реализирањето на ударот од белата точка во 80. минута, направи пресврт на натпреварот и ѝ донесе победа на Франција над Германија од 2 : 1.

Германија, која освои само 1 поен во три натпревари, ги загуби шансите да се пласира во финалето.

Во Групата 1 од Лигата Б, Украина на домашен терен ја пречека Чешка. Украина со победата од 1 : 0 се искачи на табелата во Лигата А.

Во Групата 4 од Лигата Д, Македонија загуби на гости од Ерменија со резултат 4 : 0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, кој влезе во 57. минута од натпреварот, во 90+3 минута доби црвен картон.

Резултати од натпреварите одиграни синоќа:


Лига А

Група 1: Франција - Германија 2 : 1


Лига Б

Група 1: Украина - Чешка 1 : 0

Група 4: Република Ирска - Велс 0 : 1


Лига Ц

Група 3: Словенија - Кипар (грчки дел) 1 : 1

Норвешка - Бугарија 1 : 0


Лига Д

Група 1: Казахстан - Андора 4 : 0

Летонија - Грузија 0 : 3

Група 4: Ерменија - Македонија 4 : 0

Гибралтар - Лихтенштајн 2 : 1

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.