Mesut Zeyrek
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ДИЗЕЛДОРФ (AA) - Симпатизерите на терористичката организација ПКК организираа протести во германскиот град Дизелдорф во текот на кои дојде до судири со полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на овој германски град даде дозвола за одржување на протести под услов да не се носат предмети кои ја симболизираат ПКК, ниту постери со ликот на Абдула Оџалан, осудениот лидер на ПКК. Демонстрантите се собраа пред главната железничка станица во градот од каде почнаа со протестите.
Една група носеше симболи и постери кои полицијата ги забрани после што ги предупредија на тоа. Симпатизерите на ПКК со боци и штапови ги нападнаа припадниците на безбедносните сили.
Полицијата интервенираше со солзавец и палки. Некои демонстранти добија полесни телесни повреди а некои се приведени.
И покрај спречувањето на полицијата голем број на демонстрантите не се разотидоа и продолжија со настанот во различни делови на градот.