Aşkın Kıyağan
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ВИЕНА (АА) - Петер Пилц, поранешниот долгогодишен пратеник на Зелени во Австрија и претседател на новоформираната партија која успеа да влезе во парламентот, се откажа од пратеничкиот мандат поради обвиненија за сексуално злоставување, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во Виена, Пилц изјави дека се товари за наводно сексуално злоставување на две жени.
Зборувајќи за обвиненијата за силување на една девојка во местото Алпбах откако во 2013 година беше избран за пратеник на партијата Зелени, Пилц истакна дека не се сеќава на тој настан.
„Не се сеќавам на тоа, и поради тоа нема да зборувам, жал ми е. Доколку постојат двајца сведоци ќе поднесам оставка, “ порача Пилц.
Тој потврди и дека се одрекува од пратеничкиот мандат на новоформираната партија Листата на Пилц. Во петок минатата недела една жена, поранешна колешка од партијата Зелени, го обвини Пилц за сексуално злоставување. Пилц ги негираше обвинувањата и го нарече случајот на гадна кампања од страна на неговата поранешна партија.
Утринава уште една жена го обвини Пилц за злоставување велејќи дека постојат сведоци за тоа.