Hasan Tosun
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ВИЕНА (AA) - Австрискиот премиер Вернер Фрајман порача дека помина времето кога во таа земја беа примани сите мигранти и дека сите патишта кон Австрија ќе бидат затворени, јавува Anadolu Agency (AA).
Фрајман им се обрати на членовите на австрискиот сенат и во таа прилика како неосновани ги оцени критиките на владината политика кога е во прашање бегалската криза.
Изразувајќи решителност на владата во Виена во спроведувањето на новата бегалска политика, која има за цел да го намали бројот на имигрантите,Фрајман рече дека сите мигрантски патеви кон Австрија ќе бидат затворени.
„Нема да биде можно некој на комшиите да им го враќа она што не го прифаќа самиот. Постигнувањето на спогодбата помеѓу ЕУ и Турција во врска со прашањeто на бегалската криза се наметна како нужен чин. Доколку не се постигне спогодба со Турција,тогаш ќе мора во Грција да го решиме да го решиме прашањето на повеќе од два милиони бегалци", рече Фрајман.
Потсетувајќи дека Австрија до сега примила 37.500 бегалци и на тој начин ги исполнила очекувањата од морален аспект, Фрајман рече дека во Европа сега би биле згрижени речиси два милиони бегалци кога останатите европски земји тоа би го направиле така, како што тоа го направи Австрија.
Со воведување на засилени мерки на границата, Австрија до 19 февруари воведе мерки, дневно во таа земја да се примаат околу 80 бегалци. Тој потег наиде на остри критики на меѓународните организации кои сметаат дека оваа земја ги крши националните и меѓународните правни норми.