?????
22 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја пофали одлуката на Австрија за воведување ограничување за прифаќање на бегалците, кажувајќи дека „разумот преовладал”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој, гостувајќи на државното радио порача дека одлуката на Австрија во 2016 година да прими 38.000 бегалци, а до 2019 година 128.000 е „најважна вест во последните неколку месеци”.
„Одлуката на Австрија покажа дека Европа не може на неограничен и неконтролиран начин да прими толкава маса на странци”, изјави унгарскиот премиер.
Орбан, кој минатата година наложи да се подигне бодликава жица на границата со соседните Србија и Хрватска, со цел да се намали приливот на мигранти, кажа дека за Унгарија „најдобар мигрант е оној кој не доаѓа, а најдобар број е нула.”
Исто така, потсети дека по почетниот увоз на бодликава жица, која служеше за поставување ограда вдолж границата со Србија и Хрватска, Унгарија започна сопствено производство, досега извезла стотици километри жица во други земји како Словенија, Македонија и Бугарија.