ИСТАНБУЛ (АА) - Вчера се одигра 4. коло од Лига Европа на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Во фудбалското клупско натпреварување Лига Европа на УЕФА вчера се одиграа 24 натпревари во 12 групи.
Во групата А, Славија Прага како домаќин загуби од Вилјареал со резултат 0:2. Во вториот натревар од групата, пораз на домашен терен претрпе и екипата на Макаби од Астана. Натпреварот заврши со резултат 0:1.
Екипата на Јанг Бојс во групата Б, на домашен терен загуби од Динамо Киев, со минимални 0:1, а во преостанатиот натпревар од групата, Партизан го совлада Скендербег со резултат 2:0.
Во групата Ц, домаќинот Истанбул Башакшехир одигра нерешено против екипата на Хофенхајм. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а со истиот резултат заврши и натпреварот меѓу Лудогорец и Брага.
Во натреварите од група Д, Ријека како домаќин претрпе тежок пораз од Австрија Виена. Натпреварот заврши со резултат 1:4 за гостинската екипа. Во вториот натпревар, АЕК и Милан одиграа без погодоци 0:0.
Во групата Е, домаќинот Аполон одигра нерешено со Аталанта 1:1, а екипата на Олимпик Лион на домашен терен ја совлада екипата на Евертон со убедливи 3:0.
Копенхаген на натпревар во групата Ф, со резултат 3:0 го совлада Фастав Злин, додека во вториот натпревар од групата, екипата на Локомотива Москва на домашен терен загуби од Шериф со резултат 1:2.
Во групата Г, Стеауа одигра нерешено 1:1 против гостинската екипа на Хапоел Беер Шева, а екипата Викторија Плзен на домашен терен убедливо го совлада Лугано со резултат 4:1.
Во групата Х, Арсенал како домаќин одигра без голови против гостинската екипа на Црвена Ѕвезда, а екипата на Келн со резултат 5:2 ја совлада гостинската екипа Бате.
Викторија Гимареш во групата И, на домашен терен, со резултат 1:0 ја совлада екипата на Олимпик Марсеј, а пак Салцбург како домаќин одигра без голови против Коњаспор.
Во група Ј, Херта ја совлада екипата на Зорја Луганск 2:0, а Атлетик Билбао со минимален резултат од 1:0 го совлада Остершундс.
Во група К, Витесе на домашен терен загуби од Зулте Варегем со резултат 0:2, а во вториот натпревар од групата, Лацио со 1:0 ја совлада екипата на Ница.
Во група Л, Реал Сосиедад убедливо го совлада нашиот претставник, екипата на Вардар, со резултат 3:0. Ова е четври по ред убедлив пораз на Вардар во Лига Европа. Екипата на Вардар постигна само еден погодок во одиграните 4 натпревари, а неговата мрежа беше затресена 17 пати. Во вториот натревар од групата, Розенборг одигра нерешено 1:1 против екипата на Зенит.
Група A
Славија Прага – Вилјареал 0:2
Макаби – Астана 0:1
Табела
1. Вилјареал 8
2. Астана 7
3. Славија Прага 5
4. Макаби 1
Група Б
Јанг Бојс – Динамо Киев 0:1
Партизан – Скендербег 2:0
Табела
1. Динамо Киев 10
2. Партизан 5
3. Јанг Бојс 3
4. Скендербег 2
Група Ц
Истанбул Башакшехир – Хофенхајм 1:1
Лудогорец – Брага 1:1
Табела
1. Лудогорец 8
2. Брага 7
3. Хофенхајм 4
4. Истанбул Башакшехир 2
Група Д
Ријека – Австрија Виена 1:4
АЕК – Милан 0:0
Табела
1. Милан 8
2. АЕК 6
3. Австрија Виена 4
4. Ријека 3
Група Е
Аполон – Аталанта 1:1
Олимпик Лион – Евертон 3:0
Табела
1. Аталанта 8
2. Олимпик Лион 8
3. Аполон 3
4. Евертон 1
Група Ф
Копенхаген – Фастав Злин 3:0
Локомотива Москва – Шериф 1:2
Табела
1. Копенхаген 6
2. Шериф 6
3. Локомотива Москва 5
4. Фастав Злин 2
Група Г
Стеауа - Хапоел Беер Шева 1:1
Викторија Плзен – Лугано 4:1
Табела
1. Стеауа 10
2. Викторија Плзен 6
3. Хапоел Беер Шева 4
4. Лугано 3
Група Х
Арсенал – Црвена Звезда 0:0
Келн – Бате 5:2
Табела
1. Арсенал 10
2. Црвена Звезда 5
3. Бате Борисов 4
4. Келн 3
Група И
Викторија Гимареш – Олимпик Марсеј 1:0
Салцбург – Коњаспор 0:0
Табела
1. Салцбург 8
2. Олимпик Марсеј 6
3. Коњаспор 4
4. Викторија Гимареш 4
Група Ј
Херта – Зорја Луганск 2:0
Атлетик Билбао – Остершундс 1:0
Табела
1. Остершундс 7
2. Зорја Луганск 6
3. Атлетик Билбао 5
4. Херта 4
Група К
Витесе – Зулте Варегем 0:2
Лацио – Ница 1:0
Табела
1. Лацио 12
2. Ница 6
3. Зулте Варегем 4
4. Витесе 1
Група Л
Реал Сосиедад – Вардар 3:0
Розенборг – Зенит 1:1
Табела
1. Зенит 10
2. Реал Сосиедад 9
3. Розенборг 4
4. Вардар 0