Ata Ufuk Şeker
14 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Јеле Френкен доби 18 години затвор, а мора да плати и парична казна од 2,3 милиони евра за нападот со киселина врз Марина Tијсен, која во тоа време работела во еден маркет во белгискиот град Антверпен, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил во февруари минатата година, кога Френкен намерно истурил солна киселина врз лицето на Марина Тијсен.
Денес, кривичниот суд во Брисел го осуди Френкен на 18 години затвор, бидејќи нападот со киселина се смета за обид за убиство.
Tијсен долго време по нападот беше во кома, а целосно го загуби и левото око.