Fuat Kabakçı
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во експлозија што се случи во рудник во југозападниот дел на Кина загинаа седум, а беа повредени две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека експлозијата се случила во рудникот за јаглен Ронгсинг и дека во тој момент во рудникот имало 18 лица.
Од рудникот се спасени 11 лица, а повредените лица не се во животна опасност.
Сè уште не се знае причината за експлозијата.