Ahmet Dursun
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф, ќе се придружи на денешниот состанок во Лозана, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската новинска агенција ИРНА јави дека Зариф во утринските часови отпатувал за Швајцарија.
Министрите за надворешни работи на земјите меѓу кои се наоѓаат САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија, и претставниците на Обединетите нации (ОН) денес треба да се состанат во Лозана со цел да разговараат за сириската криза.