Hakan Çopur
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Се соопштува дека Централната американска разузнавачка агенција (ЦИА) се подготвува за да им одговори на хакерските напади на Русија, за коишто се верува дека за цел ги имаат Демократската партија и изборната кампања во САД, јавува Anadolu Ageny (AA).
Американските разузнавачки официјални лица којшто говореа на телевизискиот канал Ен би си Њуз рекоа дека администранцијата на американскиот претседател Барак Обама дала наредба на разузнавачките лица на ЦИА да ги започнат потребните активности со цел на ист начин да ѝ возвратат на Русија.
Беше истакнато дека ЦИА на Белата Куќа ќе ѝ претстави неколку опции за хакерскиот напад од којшто владата на Кремлин ќе се посрамоти, а потоа ќе ѝ одговорат на Москва за кибер нападите.
Официјалните лица којшто не дадоа детали за димензиите на хакерските напади.
Во врска со настаните за кибер нападите врз институциите на Демократската партија и изборната кампања, минатата недела за прв пат американската администрација официјално ја обвини Москва за обид да влијае на американските избори“.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, го пренесе одговорот на Обама: „Нашиот сајбер одговор кон Русија ќе биде пропорционален“.
Прашањето во врска за кибер нападот за прв пат беше актуализирано во месец јуни од страна на Демократската партија, а потоа дискусиите околу тоа дали зад нив стои Русија или не долго време беа актуелна тема во американската јавност. На крајот на месец јули претседателскиот кандидат од Демократската Партија, Хилари Клинтон, отворено ја обвини Русија.
Наводите на американските официјални лица за одговорноста на Русија за кибер нападите беа отфрлени од владата на Москва.