Şenhan Bolelli
27 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Клупскиот спонзор Ауди на фудбалерите на шпанскиот прволигаш Барселона им додели автомобили на користење до крајот на сезоната, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Барселона, компанијата Ауди организираше церемонија на врачување на клучеви на фудбалерите на Барселона. Интересен беше моментот кога на бината се појави повредениот Арда Туран, кој се појави со бандажирана десна нога. Појавата на Арда на церемонијата го привлече вниманието на сите присатни, на чело до претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу.
Поради повредата на ногата Арда седна на сопатничкото место од сивиот Q7 модел на Ауди, ѕвездата на Барселона Меси седна зад воланот на бел Q7, Суарез зема гри Q7, додека Неимар од спонзорот Ауди ги зема клучевите на син RS7.
Турскиот фудбалер се повреди за време на супер купот на Шпанија против екипата на Еспањол. По укажаната помош тој го продолжи натпреварот. Во десеттото коло од шпанската прва лига на 29 октомври Барселона ќе се сретне со екипата на Гранада. Веројатно турскиот репрезентативец нема да настапи на овој натпревар, бидејќи ќе треба да биде подготвен за натпреварот на 1 ноември, кога Барселона во рамките на Лигата на шампиони на гостински терен ќе се сретне со екипата на Манчестер Сити.
Во екипата на Барселона, покрај Арда Туран, повредени се Андреас Иниеста и Жереми Метје, додека лесно повредениот Рафа започна да тренира со екипата.