Bakir Tiro
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
РИМ (АА) - Медиумите од Италија јавуваат дека во населбата Касал Палоко во Рим, синоќа била ограбена вилата каде што со семејството живее Един Џеко, капитен на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и напаѓач на ФК Рома, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува „Ла газета дело спорт“ и „Кориере дела сера“, крадците влегле во куќата каде што престојувала сопругата на Џеко, Амра Силајџиќ со своите ќерки, деветмесечната Уна и дванаесетгодишната Софија. Тие се разбудиле од вревата и веднаш повикале полиција, којашто брзо интервенирала.
Сепак, крадците успеале да украдат 500 евра и неколку скапи дизајнерски торби.
Вилите на играчите во Рома во последниве години се честа цел на криминалците. Пред да упаднат во куќата на Џеко, во април оваа година, разбојници го ограбија домот на Раџа Наинголан, белгискиот репрезентативец.