Mutlu Demirtaştan
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот фудбалски репрезентативец Арда Туран, кој игра во шпанскиот клуб Барселона го прослави Денот на републиката -29 октомвриР со видео, кое го снимил заедно со некои неговите соиграчи во Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Во видеото споделено од страна на шпанскиот клуб и Арда Туран на социјалните мрежи, се гледа како покрај него во истото учествуваат и Денис Суарез, Андре Гомес, Алекс Видал и Рафинга, каде кажуваат некоколку зборови на турски јазик.
Во видеото Арда Туран вели: „Здраво луѓе, дојде денот кој го чекавме. Како што ве научив така правете. Понатаму Денис Суарез вели: „Во име на сите фанови на Барса“, „Честито Турција“. Потоа, продолжува Андре Гомес, на ова се надоврзува Алек Видал, кој вели: „Уживајте во денот на републиката“, а Рафинга прашува: „Како беше Арда? Точно ли кажавме?“
На крај од видеото, сите фудбалери застануваат пред турското знаме, на што Арда вели: „Браво момци, точно како што сакав. Честит 29. октомври, денот на Република Турција“.