Bakir Tiro
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
РИМ (АА) – Един Џеко, капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ беше стрелец на голот за Рома во вчерашното градско дерби и победата врз Лацио со резултат 4:1, при што на најдобар начин се врати во добрите партии откако брилираше во дресот на националниот тим во пријателскиот натпревар одгран минатиот вторник со Швајцарија (2:0).
Џеко и во играта против Лацио во игра влезе од клупата за резервни играчи, овојпат во 60-та минута од мечот, за да постигне гол четири минути подоцна.
„Професоионалец сум и ги прифаќам сите одлуки на тренерот Луциано Спалети. Не е лесно да се седи на клупа. Не сум среќен, бидејќи не ги почнувам натпреварите. Меѓутоа, тренерот е тој што одлучува и тој знае најдобро. Зборувавме и му реков дека го имам изгубено ритамот. Сепак, играм сè подобро”, изјави Џеко и нагласи дека не размислува да ја напушти Рома, пренесува Anadolu Agency (AA).