Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
КАИРО (AA) - Египетскиот суд денеска на затворска казна осуди 47 противници на режимот обвинети за учество во насилство, по државниот удар во кој е соборен Мохамед Морси, првиот демократски избран лидер на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Каиро осуди 21 лице на по 15 години затвор поради поврзаноста со нападот на полициската станица на југот на Каиро, кон средината на 2013 година во кој загина еден полицаец, соопшти неименуван судски функционер.
Петнаесет обвинети лица се осудени на по десет години затвор, додека нив 11 добиле по седум години затвор по иста точка од обвинението.
Пропишана им е парична казна во износ од 673.000 американски долари.
Адвокатот на одбраната Алаа Алам ал-Дин најави жалба на пресудата.
Египет е зафатен со немири од 2013 година односно од државниот удар во кој е соборен првиот демократски избран лидер на таа земја, Мохамед Морси. Државниот удар следуваше по протестите против него, а Морси беше претседател само една година.
Од пучот 2013 година, египетските власти покренаа немилосрдна пресметка со приврзаниците на Морси и Муслиманско братство, убивајќи ги и притвараќи илјадници од нив.