Yunus Kaymaz
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, доби казна да стартува 10 места наназад во трката за Големата награда на Турција, што ќе се одржи в недела, поради промената на погонската единица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Формула 1 се истакнува дека британскиот пилот, кој во погонската единица го сменил само моторот со внатрешно согорување, е казнет со тоа што трката ќе ја започне десет позиции зад местото кое ќе го оствари во квалификациите.
Хамилтон, кој е два бода пред Макс Верштапен, кој се бори за шампионската титула, ја смени погонската единица за да избегне проблеми на преостанатите трки.
Хамилтон, доколку ја заменеше целата погонска единица ќе се соочеше со казна трката да ја започне од последниот ред. Хамилтон не направи промени во компонентите како што се турбо моторот, хибридниот систем, акумулаторот и електрониката во единица, со тоа доби казна само од 10 позиции.
Објавено е дека шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц, трката за Големата награда на Турција ќе ја започне од последниот ред поради промената во единицата.