Halid el-Cuyuşi,Safiye Karabacak
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
КАИРО (АА) - Во налисните настани кои се случија на Синајски Полуостров во Египет, животот го загубија 9 лица, од кои 2 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од полициски извори, лицата кои биле киднапирани од своите домови во градовите Рефах и Ариш, биле пронајдени мртви. Телата на киднапираните лица пронајдени се во селото Ел-Ахсаш, кое се наоѓа во близина на градот Рефах.
Од друга страна, египетската војска спровела операции против вооружените групи во јужниот дел на земјата. Во операциите се убиени 7 лица.
Војската на Египет и полициските единици, во повеќе области на Синајскиот Полуостров, поради нападите кое се организираат врз безбедносните сили, од септември 2013 година навака, спроведува операции против елементите кои ги окарактеризира како „терористи и безбожници”.