Sayed Khodaberdi Sadat
06 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Терористите на ДЕАШ киднапираа најмалку шест цивили во провинцијата Гор, Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на провинцијата Гор, Абдулхај Катиби изјави дека терористите на ДЕАШ денеска извршија напад во центарот на градот Фирозкух, административен центар на провинцијата.
Катиби рече дека терористите во таа прилика киднапирале шест цивили и ги однел во непознат правец. Авганистанските безбедносни сили започнаа потерница по напаѓачите со цел да ги ослободат киднапираните лица.
Терористите на ДЕАШ и пред две недели киднапираа, а потоа стрелаа 33 цивили во провинцијата Гор.
Авганистан со години е местото со длабока безбедносна криза што се рефлектира во постојаната борба против екстремистите на милитантското талибанско движење, а во последните неколку месеци и терористичката на организација ДЕАШ ги интензивира своите активности во таа земја.