Erdal Türkoğlu
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ХАТАЈ (АА) - Воените авиони на режимот на Бешaр ал-Асад на подрачјето Дане во Идлиб извршија напади на пазар и училиште. Според првичните сознанија во нападот загинаа најмалку 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од надлежните на теренските болници, воените авиони на режимот извршиле воздушни напади во северниот дел на Идлиб во подрачјето Дане.
Според првичните сознанија во нападот во кој беше бомбардиран пазар и училиште загинаа 11 лица и најмалку 40 лица повредени.
Додека повредените беа оденесени во теренските болници за лекување, екипите на цивилната заштита се обидуваат да ги извлечат лицата под урнатините.