Hüseyin Burak Demirer
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во продолжението на натпреварите од 4. коло на УЕФА Лигата на нации се одиграа 7 натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 7 натпревари од 4. коло во УЕФА Лига на нации. Дерби во престижната Лига А одиграа репрезентациите на Шпанија и Англија во рамките на Групата 4.
Шпанија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Англија. Англичаните со погодоците на Стерлинг (2) и Рашфорд постигнати во првото полувреме, поведе со 0 : 3. Со тој резултат се замина на полувреме. Шпанија во второто полувреме со погодоците на Алкасер во 58. минута и Рамос во 90+8, успеа да намали на 2 : 3, што не беше доволно да се избегне поразот од Англија.
Во Лигата А во Групата 2 Исланд ја пречека репрезентацијата на Швајцарија. Швајцарија извојува победа од 1 : 2 и пред завршувањето на натпреварите по групи, Исланд испадна од Лигата А и ќе премине во Лигата Б.
За денеска се закажани 9 натпревари со кои се заокружува 4. коло од УЕФА Лигата на нации:
16:00 Казахстан - Андора
18:00 Ерменија - Македонија
20:45 Гибралтар - Лихтенштајн
20:45 Ирска - Велс
20:45 Норвешка - Бугарија
20:45 Словенија - Кипар (грчки дел)
20:45 Украина - Република Чешка
20:45 Франција - Германија
20:45 Летонија - Грузија
Резултати од натпреварите одиграни синоќа:
Лига А
Група 2: Исланд - Швајцарија 1 : 2
Група 4: Шпанија - Англија 2 : 3
Лига Б
Група 3: Босна и Херцеговина - Северна Ирска 2 : 0
Лига Ц
Група 2: Финска - Грција 2 : 0
Естонија - Унгарија 3 : 3
Лига Д
Група 2: Луксембург - Сан Марино 3 : 0
Белорусија - Молдавија 0 : 0