Bakir Tiro
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Покрај мечот Босна и Херцеговина - Северна Ирска, вечерва ќе се одиграат уште шест натпревари од УЕФА Лигата на нациите, од кои дербито на светските суперсили ќе се одигра во Севиља, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерите на репрезентацијата на Шпанија во Групата 4 од елитната Лига А ќе бидат домаќини на Англија, а во случај на победа речиси сигурно ќе го обезбедат првото место и пласманот на фајналфор од новото натпреварување на УЕФА. Англичаните, кои имаат бод и се борат во групата за опстанок со Хрватска, најавуваат дека на гостувањето би биле задоволни и со реми.
Во Лигата А денес во Групата А силите ќе ги одмерат и Исланд-Швајцарија, додека единствената средба што ќе се игра во Лигата Б е споменатата средба на БиХ и Северна Ирска во Сараево, во која избраниците на селекторот Роберт Просинечки можат да направат голем чекор кон пласман во баражот за ЕВРО 2020, но и за повисок ранг во Лигата на нации.
Во Лигата Ц во Тампере, Финска е домаќин на Грција, а во Талин, Естонија на Унгарија. Во Лигата Д се среќаваат Луксембург - Сан Марино, односно Белорусија - Молдавија.
Сите натпревари почнуваат во 20:45 часот.
- Парови во денешните натпревари -
Лига А
Група 2
Рејкјавик: Исланд - Швајцарија
Група 4
Севиља: Шпанија - Англија
Лига Б
Група 3
Сараево: Босна и Херцеговина - Северна Ирска
Лига Ц
Група 2
Тампере: Финска - Грција
Талин: Естонија - Унгарија
Лига Д
Група 2
Луксембург: Луксембург - Сан Марино
Минск: Белорусија - Молдавија