Ahmet Özler
15 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
КАРАБУК (AA) - Претседателот на Карабукспор, Фердун Танкут вчера изјави дека нивниот досегашен тренер, Игор Тудор договорил трансфер во Галатасарај, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тудор на нашата управа ѝ соопшти: 'Утре наутро заминувам од Карабукспор. Договорив премин во Галатасарај“, изјави Танкут. Тој истакна дека хрватскиот експерт денес во текот на тренингот со Кардемир Карабукспор изјавил дека го напушта клубот.
Ова не е ниту малку морално. Галатасарај се договори со тренерот без каков било разговор со мене“, рече Танкут. На прашањето на новинарот за можната тужба против Галатасарај и Тудор, Танкут истакна дека за тоа ќе разговара на состанокот со Управниот одбор.
Тој нагласи дека клубот веќе утре ќе го предводи тренер на Карабукспор.Тудор досега беше тренер на Хајдук Сплит, ПАОК и на Карабукспор.
Потсетуваме, Галатасарај соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот тренер Јан Олд Реикерник.
По 20 одиграни кола, Галатасарај се наоѓа на 3. место, со 39 бода. Лидер на табелата на Супер лигата е Бешикташ со 44 бода, додека на второ место е Башакшехир со 42 бода. Екипата на Карабукспор моментално се наоѓа на 10. место, со 27 бода.